Се повикуваат сите заинтересирани невработени лица кои имаат желба и интерес да основаат Здружение на граѓани/невладина организација која ќе делува во областа на социјалната заштита и испорачување на услуги за одмена на семејна грижа и услуги за долготрајна грижа за болни лица, да се пријават во работните клубови на Агенцијата за Вработување за учество во оваа мерка.

Со оваа мерка ќе се овозможи поддршка на невработените лица за основање на Здруженија на Граѓани/невладини организации во создавање на одржлив и успешен субјект/давател на социјални услуги. Поддршката преку мерката опфаќа:

  • Советодавна експертска поддршка при формирање на нов правен субјект-Здруженија на граѓани;
  • Обука за претприемништво и деловно планирање и изработка на бизнис модел;
  • Обука за испорачување на социјални услуги во рамки на системот за социјална заштита согласно Законот за социјална заштита и други подзаконски акти;
  • Обезбедување на грант за новоформираното Здружение на граѓани/невладина организација во износ од 307 500 денари за набавка на материјали и опрема;
  • Обезбедување на обучена и квалификувана работна сила преку стручни обуки;
  • Субвенција на плати за лицата вработени како даватели на социјални услуги во износ од 29 180 (бруто) денари во период од 10 месеци;
  • Покривање на оперативни трошоци и трошоци за управување;
  • Менторска и советодавна поддршка низ целиот процес.

Заинтересираните невработени лица за учество во мерката може да аплицираат до крајот на тековната година (31.12.2021), односно се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно:

  • Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на COVID-19;
  • Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;
  • Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија 

Правата и обврските помеѓу АВРСМ, УНДП и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебни договори.

Заинтересираните невработени лица треба да пополнат Пријава за учество во Центрите за вработување секој работен ден од 09 до 14 часот.

Покрај пријавата, заинтересираните невработени лица треба да одберат еден од следниве начини:

  • Да пополнат и онлајн Прашалник до кој може да се пристапи на следниот линк, или
  • Прашалникот да го превземат од следниот линк, да го пополнат, потпишат и да го достават во скенирана форма на следната е-маил адреса rabotaimoznosti.mk@undp.org.

Детални информации за мерката може да се добијат на контакт телефоните 070 384 046 и 071 329 534 или на е-маил адресата rabotaimoznosti.mk@undp.org.