Се повикуваат сите заинтересирани Здруженија на граѓани/ невладини организации кои имаат желба и мотив да станат даватели на социјални услуги во домот и заедницата, да се пријават во работните клубови на Агенцијата за вработување за учество во оваа мерка.

Со оваа мерка ќе се овозможи поддршка на Здруженијата на граѓани/невладини организации во создавање на одржлив и успешен субјект/давател на социјални услуги:

  • Обезбедување на обучена и квалификувана работна сила преку стручни обуки;
  • Субвенција на плати за лицата вработени како даватели на социјални услуги во износ од 30 780 (бруто) денари во период од 10 месеци;
  • Покривање на оперативни трошоци и трошоци за управување;
  • Менторска и советодавна поддршка низ целиот процес.

Заинтересираните Здруженија на граѓани/невладини организации за учество на мерката може да аплицираат до крајот на тековната година (31.12.2021), односно се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно:

  • Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на COVID-19;
  • Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;
  • Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија.

Правата и обврските помеѓу АВРСМ, УНДП и Здруженијата на граѓани/невладини организации ќе бидат уредени со склучување на меѓусебни договори.

Заинтересираните Здруженија на граѓани/невладини организациии треба да пополнат Пријава за учество во Центрите за вработување секој работен ден од 09 до 14 часот.

Покрај пријавата, заинтересираните Здруженија на граѓани/невладини организации треба да достават пополнет Апликативен формулар и документи за поддршка наведени во Апликативниот формулар во скенирана форма на е-маил адреса: rabotaimoznosti.mk@undp.org

Формуларот за аплицирање за мерката 7.2 Обука и Вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата може да се превземе тука.

Детални информации за мерката може да се добијат на контакт телефоните 070 384 046 и 071 329 534 или на е-маил адреса rabotaimoznosti.mk@undp.org