Јавен повик за вклучување во мерката Практикантство

October 7, 2020

Се повикуваат работодавачите кои се заинтересирани за вклучување во мерката Практикантство, да се пријават на јавниот повик и изразат интерес за учество. Мерката се однесува на ангажирање практиканти за обука, изведување  работни задачи и стекнување искуство во период од 3 (три) месеци.

Право на учество имаат  работодавачи:

  • Од приватен и од граѓански сектор;
  • Кои имаат најмалку едно вработено лице на неопределено време, најмалку 6 месеци пред аплицирањето, со исклучок на граѓанските организации и работодавачите кои ќе ангажираат жени од ромската етничка заедница како практиканти;
  • Ги имаат подмирено сите обврски врз основа на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување.

Практикантите се избираат од евиденцијата на невработени лица, до 34 години со минимум завршено основно образование и кои немаат работно искуство согласно образованието. Доколку работодавачот има на располагање вакво лице/а, истиот е слободен самиот да го одбере. Во спротивно агенцијата ќе посредува со пребарување од евиденцијата на невработени лица врз основа на профилирање за да одговори на искажаните потреби на работодавачот.

Mерката Практикантство предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000 денари месечен надоместок кој ќе се префрли на сметката на работодавачот по истекување на тековниот месец од периодот на договорот. Работодавачот е должен добиената финансиска поддршка да ја исплати кон практикантот, намалена за сметка на законски потребните одбитоци.

Заинтересираните работодавачи својот интерес за учество можат да го пријават со пополнување на овој формулар.

Пријавувањето е предвидено по принципот прв пријавен прв услужен до искористување на расположливите средства.

Детални информации можат да се добијат на контакт телефон 071 292 002 (лице за контакт Гордана Велјановска).