Повик до заинтересирани лица

да се вклучат во бесплатната обука за палијативен негувател/ка на болни и изнемоштени лица

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои имаат желба, интерес и мотив да се стекнат со сертификат за знаења и вештини потребни за грижа, нега и поддршка на болни и изнемоштени лица, да се пријават на бесплатната обука за палијативен негувател/ка на болни и изнемоштени лица.

Бесплатната обука подразбира интензивна тримесечна програма организирана во неколку модули и фокусирана на практичен и теоретски дел. Истата ќе биде спроведена од искусни обучувачи од релевантни области.

Во текот на трите месеци секој кандидат ќе добива месечен надоместок од 9.000 денари за покривање на патни и други оперативни трошоци.

 

Како можам да се вклучам во обуката?

Многу едноставно! КЛИКНЕТЕ ТУКА за пополнување на формуларот за изразување интерес, со што автоматски влегувате во базата на кандидати за обука. Понатаму, ќе бидете контактирани од нашиот тим околу динамиката и планот за реализација на бесплатната обука.

 

Што добивам од обуката?

Со успешно завршување на обуката се стекнувате со национално – признат сертификат за палијативен негувател/ка на болни и изнемоштени лица.

 

 

За повеќе информации, лице за контакт - Зерина Рамиќевиќ

(zerina.ramikevik@undp.org).

UNDP Around the world

You are at UNDP North Macedonia 
Go to UNDP Global