Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) објавува јавен повик за општините од Полошки, Југозападен, Пелагонски, Југоисточен, Источен, Североисточен и Вардарски регион за учество во проектот ReLOaD2

Apr 20, 2021

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го спроведува ReLOaD2 проектот во: Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово*, Северна Македонија и Србија. ReLOaD2 започна на 1 јануари 2021 година и во текот на следните 4 години проектот има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ преку зајакнување на граѓанското општество и младите со цел активно учество во донесувањето одлуки и подобрување на правното и финансиското опкружување за граѓанските организации (ГОи). Проектот е финансиран од Европската унија, од Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Вкупната вредност на проектот е 13 милиони евра, а вредноста на компонентата од проектот за Северна Македонија е 1,24 милиони евра.

Општините од Полошки, Југозападен, Пелагонски, Југоисточен, Источен, Североисточен и Вардарски регион кои не учествуваа во претходната фаза на ReLOaD проектот се поканети да изразат интерес за учествуво во ReLOaD2. Со овој јавен повик, ќе бидат избрани 5 партнерски опшини кои ќе бидат поддржани во понатамошниот развој за транспарентно финансирање на проекти на ГОи.

Поднесување на апликацијата и рокови

Условите за пријавување и критериумите за избор на партнерски општини се опишани во Упатството за апликанти (Група 2). Сите документи, составен дел на апликацијата, се објавени на следните веб-страници: www.mk.undp.org , www.zels.org.mk. Повикот е отворен во периодот од 20 април 2021 година до 21 мај 2021 година.

Информативните сесии за јавниот повик ќе се одржат преку платформата ЗООМ на 29 април и 6 мај, а дополнителните информации за овие сесии ќе бидат објавени на горенаведените веб-страници.

Документацијата за апликацијата треба да се поднесе во една (1) оригинална копија и една електронска копија (CD или USB) во запечатено плико по препорачана пошта, преку курирска служба или лично на следната адреса:

УНДП Северна Македонија

Регионална програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD 2)

Јордан Хаџи-Константинов Џинот 23,

1000 Скопје

Краен рок за поднесување апликации е 21 мај 2021, до 17 часот. На апликациите поднесени по пошта треба да има поштенски печат каде што се потврдува дека апликацијата е поднесена пред истекот на официјалниот рок. Апликациите кои ќе бидат поднесени на друг начин (на пр. Факс или е-пошта) или по истекот на официјалниот рок, нема да бидат земени предвид.

За дополнителни информации или појаснување, потенцијалните апликанти можат да испратат барање со предмет „Проект ReLOaD 2“ на registry.mk@undp.org. Прашања може да се поставуваат во период до пет дена пред истекот на рокот за поднесување апликации. Одговорите на прашањата ќе бидат дадени во писмена форма во рок од три работни дена по приемот.

 

* За Европската унија, ова назначување не е во спротивност со ставот за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и Мислењето на МСП за прогласувањето независност на Косово. За УНДП, сите упатувања на Косово ќе бидат разбрани во контекст на Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН.

UNDP Around the world

You are at UNDP North Macedonia 
Go to UNDP Global