
Download this document
Извештај од анализата на состојбата на тековниот систем на постсредното образование
Nov 4, 2020
Целта на документот, насловен како „Извештај од анализата на состојбата на тековниот систем на постсредното обра зование“ (во понатамошниот текст: Извештај), е врз основа на длабинска анализа, да се пред ложат препораки за модернизирање и поди гање на квалитетот на постсредното образо вание и поврзаност со Националната рамка на квалификации. Од една страна, како систем, постсредното образование, треба да ги следи трендовите во економијата и технологијата и да создава вешти и стручни кадри, а од друга страна, да излезе во пресрет на барањата на работодавачите преку: подобрување на врската меѓу стручните училишта, приватните даватели на образовни услуги, универзитетите и компаниите; градење широки партнерства и соработка меѓу сите клучни засегнати страни; модернизирање на образовните програми кои ќе ги одразуваат релевантните потреби на па зарот на труд и ќе се засноваат на резултати од учење и ќе овозможува проодност (хоризонтална и вертикална) на корисниците на квалификации.